„Сите луѓе имаат три животи. Јавен, приватен и таен.“

-Габриел Гарсија Маркес, писател-

 

Правни услуги – адвокат за заштита на лични податоци / адвокат за приватност

 

Дали Ви е потребна правна експертиза за усогласување со новиот Закон за заштита на личните податоци?

 

Дали Ви е потребен надворешен офицер за заштита на лични податоци?

 

Дали Ви е потребна правна помош од адвокат заради заштита на Вашите лични податоци од незаконска обработка или повреда на Вашата приватност?

 

Нашата адвокатска канцеларија Ви стои на располагање!

Ние сме една од ретките адвокатски канцеларии кои активно работат на полето на заштита на лични податоци. Притоа, нашето знаење и искуство не сме го стекнале само преку адвокатската работа, туку и преку континуирано посетување на специјализирани курсеви за заштита на правото на приватност (и личните податоци). Во оваа насока, можеме да Ви понудиме професионални услуги, во вид на:

  • Правно советување и изготвување на документи за усогласеност со Законот за заштита на личните податоци;
  • Надворешен консултант, односно офицер за заштита на лични податоци на Вашата компанија;
  • Застапување во постапка за заштита на личните податоци од незаконска обработка пред Агенцијата за заштита на личните податоци и надлежните судови;

 

Многу важно за контролорите: Имајте во предвид дека сите трговски друштва подлежат на задолжителна обврска за усогласување со новиот Закон за заштита на личните податоци. Неусогласувањето со Законот може да доведе до прекршочна одговорност – изрекување на парична казна за правното лице и одговорното лице – максималната парична казна може да се изрече во износ што не надминува 4% од годишниот приход на друштвото!

 

Специјална понуда за усогласување со Законот за заштита на личните податоци:

 

Секоја компанија има посебни потреби и цели за вршење на обработката на личните податоци. Следствено на ова, техничките и организациските мерки кои треба да бидат преземени од една компанија значително се разликуваат од оние кои би требало да бидат преземени од друга компанија.

Како би можеле да извршиме сеопфатна анализа на процесите кои се одвиваат во Вашата компанија, подготвивме прашалник, врз чија основа изготвуваме понуда исклучиво според Вашите потреби.

Како би можеле да Ви овозможиме пристап до прашалникот, контактирајте Нѐ на: advokat.slaveska@gmail.com.

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу остварувањето на Вашите права и обврски во делот на заштита на личните податоци, слободно контактирајте Нѐ!