Превенцијата е подобра од правните лекови – Адвокат за наплата на побарувања и оспорување на неосновани долгови
Проблеми со наплата
Неможноста за наплата на побарувањата е пречка за нормалното функционирање на бизнисот. Отсуството на наплата е причина за неликвидност на фирмите-доверители, но и резултат на неликвидноста на фирмите-должници. Зголемувањето на можностите за успешна наплата на побарувањата бара преземање на соодветни превентивни мерки. Ова нешто подразбира претпазливост при формулирање на договорните одредби. Искуството покажува дека неуспехот во наплатата на побарувањата честопати е резултат на отсуството на јасни и прецизни договорни одредби. Од овие причини, пожелно е да побарате правна помош од адвокат пред потпишување на какви било договори со Вашите соработници.
АДВОКАТ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА – ПРАВНИ УСЛУГИ ЗА ДОВЕРИТЕЛИ
Нашата адвокатска канцеларија Ви обезбедува низа превентивни мерки за успешна наплата на Вашите побарувања, уште пред нивното доспевање – правно советување и изготвување на различни видови на договори со фиксни рокови, извршна клаузула, солидарна одговорност, гаранција, залог и друго.
Правни услуги за наплата на побарувања
Исто така, Ви обезбедуваме и широк спектар на услуги за наплата на Вашите побарувања по нивното доспевање, преку застапување во постапка пред:
- нотар за донесување на решение врз основа на веродостојна исправа;
- суд по тужба за наплата на долг;
- извршител по барање за извршување врз основа на извршна исправа;
- суд по предлог за отварање на стечајна постапка над должникот;
Притоа, го избираме она правно средство кое ќе обезбеди најголеми шанси за наплата на Вашето побарување во најбрз можен рок со најмалку трошоци.
АДВОКАТ ЗА ОСПОРУВАЊЕ НА НЕОСНОВАНИ ДОЛГОВИ – ПРАВНИ УСЛУГИ ЗА ДОЛЖНИЦИ
Исто така, обезбедуваме и правно советување и застапување на фирми-должници во погоренаведените постапки, во случај кога истите се неосновано тужени (непостоење на долг, исполнување на долг, застареност на долг, преземање на долг и сл.).
Правни услуги за оспорување на побарувања
- Приговор на нотарски платен налог
- Приговор на извршување
- Постапка за утврдување на непостоење на долг
- Други услуги
Доколку Ви треба правен совет или помош околу наплата на Вашите побарувања или ослободување од Вашите долгови, слободно контактирајте Нѐ!