Правни информации

Одговорност

Нашата веб-страница е изработена со најголемo внимание и грижа. Сепак нашата канцеларија не гарантира дека дадените информации се актуелни, точни, целосни или без грешки. Адвокатската канцеларија не прифаќа никаква одговорност за штета или загуба што настанала со директно или индиректно користење на оваа веб-страница.

Адвокатската канцеларија Тамара Славеска Апостоловски изрично го задржува правото да ја измени, обнови и избрише веб-страницата, делумно или целосно без претходна најава, или да го прекине објавувањето привремено или засекогаш.

Оваа веб-страница содржи линкови до надворешни веб-страници. Одговорноста за содржината на надворешните веб-страници секогаш лежи кај нивните уредници. Кога првично беа објавени линковите до овие веб-страници, нашата канцеларија ја провери нивната содржина. Сепак, не би можело разумно да се очекува дека би бил вршен постојан преглед на поврзаните надворешни веб-страници без конкретни индикации за повреда на корисничките права. Доколку нашата адвокатска канцеларија дознае или биде известена од трето лице дека поврзана надворешна страница доведува до граѓанска или кривична одговорност, истата веднаш ќе ја отстрани врската до оваа страница. Адвокатската канцеларија Тамара Славеска Апостоловски експресно се оградува од ваквата содржина.

Содржината на веб-страницата на Адвокатската канцеларија Тамара Славеска Апостоловски е заштитена со авторски права. Сликите што се користат се означени каде што тоа го бара законот. За користење на какви било слики потребна е претходна согласност од Адвокатската канцеларија Тамара Славеска Апостоловски.

Дозволено е креирање на линкови до почетната страница на Адвокатската канцеларија Тамара Славеска Апостоловски, под услов отворената веб-страница на нашата канцеларија да биде единствената содржина на прозорецот од прелистувачот.