Камен-темелник во градежништвото е квалитетниот договор – Адвокат за градежништво и соинвеститорство
АДВОКАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО
Зошто Ви е потребен адвокат во областа на градежништвото? Градежништвото е една од најспецифичните правни области. Ова од причина што станува збор за една од најрегулираните области во правото. Постојат низа закони, како што се: Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за градежно земјиште, Законот за градежни производи, Законот за облигационите односи и сл., кои се предмет на чести законски измени. Ова создава потреба од правна експертиза во толкувањето и примената на законот. Дотолку повеќе што договорите кои се склучуваат во областа на градежништвото и соинвеститорството се комплицирани, и бараат соодветно правничко искуство и знаење.
Адвокатската канцеларија Тамара Славеска Апостоловски од Скопје Ви нуди целосна правна подршка од самиот почеток – склучување на (пред)договори за соинвеститорство, градење, надзор, регулирање на имотните односи, издавање на потребни дозволи, па се до конечна реализација – упис на градежниот објект во јавната книга. Наша предност е што имаме соработка со квалитетни стручни лица – проектанти, урбанисти, изведувачи и надзорници, како би можеле да Ви помогнеме да го направите вистинскиот избор за Вашиот деловен потфат.
Изработка на Договори
Правните услуги кои ги обезбедува нашата адвокатска канцеларија во областа на градежништво, се состојат во анализа и подготовка на најразлични договори, и тоа за:
- уредување на меѓусебни односи,
- соинвеститорство,
- заедничка градба,
- регулирање на имотните односи,
- градење,
- проектирање
- надзор;
Други правни услуги
Покрај ова, нудиме правно советување и застапување во постапки за:
- уредување на имотните односи (формирање на градежна парцела, физичка делба на имот, приватизација, денационализација и сл.);
- издавање на дозвола, одобрение за градење и одобрение за употреба;
- упис на градежниот објект во катастарот на недвижности;
- други услуги;
Доколку Ви треба правен совет или помош околу водење на постапки за добивање на градежна дозвола, како и подготовка на преддоговори и договори од областа на градежништвото, слободно контактирајте Нѐ!