Задоволен работник – успешна компанија: Адвокат за работни односи и работнички права
Работничките права – повеќе од обична законска обврска на работодавачот
Споровите од работни односи (отказ, неисплатени плати, повреда на работа и сл.) се најзастапени спорови во македонските судови. Оттука, инвестирањето во соодветна правна подршка од адвокат заради превенирање на работните спорови, е паметна одлука, не само за работниците, туку и за работодавачите. Како адвокатска канцеларија, свесни сме дека почитувањето на работничките права преку соодветна примена на законите, како и обезбедувањето на поволна работна средина за мотивација и развој на вработените, се клучен фактор за економскиот раст и развој на друштвото.
АДВОКАТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ – ПРАВНИ УСЛУГИ ЗА РАБОТОДАВАЧИ
Во оваа насока, нашата адвокатска канцеларија со своето богато искуство во оваа сфера, како и практични вештини стекнати со учество на многубројни обуки (вклучително и на Академијата за човечки ресурси), Ви овозможува широк спектар на услуги, поврзани со:
- анализа и подготовка на сите потребни акти од аспект на Законот за работните односи и сродните закони, како на пр.: систематизација на работни места, работно време, дисциплинска постапка, безбедност и здравје при работа, заштита на личните податоци, заштита од вознемирување на работното место;
- правно советување при имплементација на законските прописи од областа на работните односи, како и редовно ажурирање за промените од областа на Законот за работните односи и сродните закони;
- анализа и подготовка на договори за вработување и менаџерски договори, пријава на работници;
- анализа и подготовка на колективни договори;
- преговори со синдикални организации при колективно договарање;
- преземање на работници во случај на статусни промени на друштвото;
- дозволи за работа и вработување на странци;
- надомест на штета причинета од работник;
- престанок на работниот однос и одјава на работници;
- застапување во работни спорови по тужба на работник или член на неговото семејство;
- други услуги;
АДВОКАТ ЗА РАБОТНИЧКИ ПРАВА – ПРАВНИ УСЛУГИ ЗА РАБОТНИЦИ
Во оваа сфера, Ви нудиме правни услуги на советување и подготвување на потребната документација за:
- засновање на работен однос (договори за вработување и менаџерски договори);
- остварување на сите права од работен однос;
- спроведување на постапки за основање, промени и престанок на синдикални организации пред Централен Регистар;
Покрај ова, Ви нудиме и застапување во работни спорови пред работодавачи, надлежни органи и судови по основ на:
- незаконит отказ или парична казна;
- незаконито прераспоредување на работно место;
- вознемирување на работно место (мобинг);
- дисциплинска постапка;
- конкурентска клаузула (забрана за вршење на конкурентска дејност);
- повреда на правото на заштита на лични податоци (незаконито снимање и следење на комуникациите на вработените);
- повреда на работа;
- заштита на укажувачи;
- други постапки;
Доколку Ви е потребен совет или помош во остварувањето на Вашите права и обврски од работен однос, слободно контактирајте Нѐ!