Приватност и здравствени податоци
Податоците за нашата здравствена состојба (вклучително и информациите за користење на лекарства, издадени рецепти и сл.) претставуваат едни од најсензитивните информации, чија важност е особено нагласена не само во дигиталната ера, туку и за време на актуелната светска пандемија со Ковид-19. На пример, решенијата за изолација поради инфекција со Ковид-19 или контакт со заболен содржат чувствителни здравствени податоци, кои (треба да) подлежат на строги правила за обработка.
Здравствените податоци ги опфаќаат личните податоци кои се однесуваат на здравствената состојба, вклучително и генетските и биометриските податоци, како и податоците кои се тесно поврзани со здравјето на лицето. Оваа категорија ги опфаќа сите податоци во врска со физичкото и менталното здравје на поединецот, дадените услуги за здравствена заштита, а кои откриваат информации не само за минатата здравствена состојба на поединецот, туку и за неговата моментална и идна здравствена состојба. Со оглед да станува збор за посебна категорија на чувствителни податоци, обработката на истите по правило е забранета. По исклучок, ваквата обработка е дозволена, и тоа во следните случаи:
- врз основа на изречна (недвосмислена) согласност на субјектот;
- за потребите на трудовото / социјалното осигурување и социјалната заштита;
- за заштита на витални интереси на субјектот или друго физичко лице;
- податоците се јавно објавени од субјектот на лични податоци;
- за потребите на легитимни активности на непрофитни организации;
- за остварување на правни барања;
- за заштита на јавното здравје или превентивна медицина; и
- за архивирање, научно и историско истражување;
Доколку Ви е потребна правна помош во делот на заштита на лични податоци, кликнете овде за повеќе информации.

