Вашиот надворешен партнер во бизнисот – Адвокат специјалист за корпоративно право
АДВОКАТ ЗА КОРПОРАТИВНО ПРАВО
Зошто Ви е потребен адвокат за корпоративно и деловно право, кој ќе Ви помогне во заштитата на Вашата бизнис идеја? Како адвокатска канцеларија специјализирана за деловно право, свесни сме за трошоците кои еден бизнис нужно мора да ги поднесе со цел да обезбеди негово нормално функционирање. Но, исто така сме свесни дека дел од овие трошоци би можеле да бидат избегнати доколку бизнисот добил соодветна правна помош уште пред да пристапи кон бизнис релации од најразличен тип, независно дали станува збор за односи помеѓу сопствениците и / или управителите, вработените, клиентите и надворешните соработници. За таа цел, обезбедуваме континуирана правна подршка за стартапи и веќе постоечки бизниси, независно дали станува збор за мали и средни претпријатија, или интернационални компании.
Правни услуги во делот на бизнис и корпоративно работење
Како адвокатска канцеларија специјализирана за деловно право, се водиме од максимата дека превенцијата е најдобра, како би можеле да го заштитиме Вашиот бизнис интерес на долгорочен план. Во оваа насока, Ви обезбедуваме широк спектар на услуги од областа на деловното, трговското и корпоративното право, вклучително:
- Консултативни услуги при влегувањето во бизнис односи од најразличен карактер;
- Избор на најдобрата правна форма за организирање на Вашата компанија;
- Усогласување на Вашето деловно работење со законската регулатива;
- Актуелни можности за деловен развој, особено во делот на обновливи енергетски извори;
- Акти за уредување на односите помеѓу сопствениците и/или управителите;
- Договори и преписки со клиенти;
- Проектна документација за апликација за пристап до финансии;
- Документација за прибавување на дозволи и лиценци за работа;
- Тендерска документација;
- Длабинска анализа (due diligence) за ризиците при статусни промени на компанијата;
- Други услуги;
Други правни услуги
Дополнително, Ви обезбедуваме специјализирани услуги поврзани со Вашето деловно работење во делот на:
- Отварање и промени кај фирми во постапки пред Централен регистар;
- Работни односи;
- Склучување пред/договори;
- Градежништво;
- Недвижности и сопственост;
- Застапување;
- Наплата на побарувања;
- Приватност и заштита на лични податоци.
ВАЖНО: Обезбедуваме и правни услуги за месечен паушал во зависност од големината на Вашата компанија, бројот на тековни/очекувани постапки, потребни работни часови за консултација на месечно ниво и сл.
Доколку имате потреба да ги користите нашите услуги, слободно контактирајте Нѐ!