Нашата адвокатска канцеларија Тамара Славеска Апостоловски од Скопје е вистинскиот избор за справување со Вашите правни предизвици, без оглед дали сте граѓанин или компанија. Благодарение на нашата правна експертиза во повеќе области, во комбинација со нашето 12+ годишно практично искуство, како и нашата пасија за континуирано надоградување на стекнатите знаења, нашата адвокатска канцеларија обезбедува максимална правна заштита за нашите клиенти. Особено сме фокусирани на обезбедување на превентивна правна помош. На овој начин ги заштитуваме нашите клиенти од непотребни и скапи трошоци за водење на долги постапки.
Нашите услуги
Правните услуги кои ги нудиме во делот на деловното, корпоративното, имотното, договорното, семејното и управното право, се разумно достапни и одговараат на потребите и можностите на нашите клиенти. Покрај стандардни адвокатски услуги, нудиме и услуги на овластен регистрационен агент за потребите на регистрација на фирми и други правни лица пред Централниот Регистар (невладини организации, здруженија на граѓани, подружници и претставништва на странски правни лица и сл.), како и услуги на надворешен офицер за заштита на лични податоци.
Нашата експертиза
Меѓудругото, располагаме со богато искуство во обезбедување на правна поддршка на стартапи и веќе постоечки бизниси. Услугите ги обезбедуваме не само за мали и средни претпријатија, туку и за интернационални корпорации. Особено сме искусни во обезбедување на услуги на усогласувањето на работењето на компаниите со законската регулатива. Покрај ова, им помагаме на нашите клиенти да пристапат до различни извори на финансирање. На тој начин, како надворешен партнер на нашите клиенти, им помагаме да ги одржат и зголемат нивните бизниси.
Исто така, располагаме со богато искуство во водење на најразлични видови на спорови. Наша експертиза се споровите за имотно-правни работи, наплата на долгови, надомест на штета, работни односи, развод на брак. Нашата специјалност особено лежи во справување со комплицирани правни случаи, за кое нешто користиме креативен пристап во разбирањето на правото.
Заштитата на долгорочниот интерес на нашите клиенти е наша цел.
Ве очекуваме!