Како адвокатска канцеларија, чиј фокус не е само домашниот, туку и светскиот пазар, свесни сме дека вмрежувањето со најразлични калибри на професионалци е предуслов за квалитетна, соодветна и навремена правна помош.

 

1. Соработка за потреби на судски и други видови на постапки:

За потребите на постапките за заштита на правата и правните интереси на нашите клиенти, соработуваме со лиценцирани вешти лица од најразличен калибар, вклучитно и од областа на: медицината, сообраќајот, економијата, процената, геодезијата, градежништвото, и сл.

Меѓудругото, соработуваме и со проценители кои можат да бидат ангажирани во процесот на утврдување на вредноста на непаричниот влог при регистрација на фирма, или при процена на вредноста на уделот во случај на статусни промени на фирма

Исто така, соработуваме со ликвидатори и стечајни управници за потреби на постапка за ликвидација, односно постапка за стечај. 

Воедно, соработуваме и со невладини организации кои работат на полето на заштита на човековите права и слободи, вклучително и на правото на судење во разумен рок.

 

2. Соработка за потреби на развој и финансирање на бизниси:

Како би одговориле на предизвиците со кои се соочуваат нашите бизнис клиенти, остваруваме соработка со Стопанската Комора на РСМ, во чии рамки беше организирана Програмата за развој на мали и средни бизниси, која успешно ја посетувавме во 2021/2022.

Исто така, соработуваме и со стручни лица во поглед на подготовка на проектна документација за апликација за пристап до финансии од домашни и странски фондови (ИПА, ИПАРД, УСАИД и сл.)

Меѓудругото, соработуваме со лиценцирани архитекти, урбанисти, проектантни, градежни инжинери, изведувачи, кои можат да Ви помогнат во остварување на Вашите бизнис цели од областа на градежништвото.

 

3. Членување во домашни и меѓународни мрежи:

Членки сме на Адвокатската Комора на РСМ од 2012 година.

Членки сме на интернационалната бизнис мрежа Doing Business International од 2022 година.

 

Доколку сакате да Нѐ контактирате за консултација, ангажирање во постапка или друг вид на правна подршка, Ви стоиме на располагање!