Адвокат за имотни односи

Инвестицијата во недвижен имот денес нуди можност за подобро утре – Адвокат за имотни односи, недвижности и сопственост

 

АДВОКАТ ЗА ИМОТНИ ОДНОСИ, НЕДВИЖНОСТИ И СОПСТВЕНОСТ

Зошто Ви е потребен искусен адвокат за регулирање на Вашите имотни права? Правото на сопственост и другите права на недвижностите – службеност, залог и реален товар имаат т.н. erga omnes дејство (дејствуваат спрема неопределен круг на лица). Следствено на ова, овие права подлежат на упис во јавната книга за запишување на правата на недвижностите, за која постои правна претпоставка дека располага со точни и веродостојни податоци. Оттука, и правата на недвижностите нужно мора да бидат запишани врз основа на релевантни, јасни и прецизни основи за упис (договор, судска одлука, решение на надлежен орган и сл.). Имајќи предвид дека оваа материја е уредена со многубројни закони, повеќе од јасно е дека адвокатот треба да поседува соодветна правна експертиза и искуство за нудење на правни услуги во врска со правата на недвижностите.

Правни услуги во областа на договори

Во оваа област, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди услуги на правно советување во врска со договори за пренос на правото на сопственост и правото на користење на недвижности, и тоа:

  • купопродажба;
  • дар;
  • размена;
  • доживотна издршка;
  • располагање со имот за време на живот;
  • физичка делба;
  • издавање под закуп (наем);
  • послуга;
  • хипотека;
  • други договори;

Правни услуги на застапување во постапки за имотни односи

Покрај правно советување, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди и застапување во постапки за остварување и заштита на правата на недвижностите, како на пример:

  • заедничка сопственост на брачен, вонбрачен, семеен и наследен имот;
  • етажна сопственост (сопственост на посебни делови во зграда – станови, деловни простории, визби, гаражи и сл.);
  • заедничка сопственост на земјиште под зграда и градежно изградено земјиште (дворно место) во корист на сопствениците на посебни делови од зградата (станови и деловни простории);
  • други права на недвижности – службеност, залог, реален товар, хипотека;
  • предавање во владение и смеќавање на владение;
  • соседско право и уредување на меѓи;
  • извршување врз недвижности;
  • други постапки;

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу остварувањето на Вашите права на недвижности, како и склучување на пред(договори), слободно контактирајте Нѐ!