Адвокат за заштита на лични податоци и приватност

Заштитата на приватноста е основно човеково право – Адвокат за заштита на лични податоци и правото на приватност

 

АДВОКАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРИВАТНОСТ 

Зошто Ви е потребен адвокат со искуство во заштитата на личните податоци и правото на приватност? Правото на приватност добива се поголемо значење во современиот дигитален свет. Се почесто користиме онлајн услуги, несвесни за тоа кој и зошто ги обработува нашите лични податоци. Обврската за законита, фер и правична обработка на личните податоци не е само прашање на општествена одговорност на една компанија, туку законски императив.

Непочитувањето на оваа обврска може да доведе до ригорозни санкции за контролорот на личните податоци (компанијата која ги обработува податоците на своите вработени, клиенти, соработници и сл.), вклучително и парична казна во износ од 4% од годишниот приход на компанијата. За таа цел потребна е правна подршка од адвокат, со соодветно знаење, експертиза и искуство.

 

АДВОКАТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Правни услуги за контролори на лични податоци

Ние сме една од ретките адвокатски канцеларии кои активно работат на полето на заштита на лични податоци. Притоа, нашето знаење и искуство не сме го стекнале само преку адвокатската работа, туку и преку континуирано посетување на специјализирани курсеви за заштита на правото на приватност (и личните податоци). Во оваа насока, можеме да Ви понудиме професионални услуги, во вид на:

  • Правно советување и изготвување на документи за усогласеност со Законот за заштита на личните податоци;
  • Надворешен консултант, односно офицер за заштита на лични податоци на Вашата компанија;
  • Застапување во постапка за заштита на личните податоци од незаконска обработка пред Агенцијата за заштита на личните податоци и надлежните судови;

Специјална понуда за усогласување со Законот за заштита на личните податоци:

Секоја компанија има посебни потреби и цели за вршење на обработката на личните податоци. Следствено на ова, секоја компанија има обврска да преземе соодветни технички и организациски мерки. Не постојат технички и организациски мерки кои ќе одговараат на секоја компанија. Како би утврдиле кои мерки треба да ги преземе Вашата компанија, потребно е да се изврши анализа на Вашето работење. Доколку сакате да добиете понуда за усогласување на Вашето работење, како и услуги на надворешен офицер за заштита на лични податоци, контактирајте Нѐ на: advokat.slaveska@gmail.com.

 

АДВОКАТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ 

Како адвокатска канцеларија која секојдневно работи на полето на заштита на лични податоци и приватност, нудиме правни услуги заради остварување на правата на субјектите на лични податоци (граѓаните) согласно Законот за заштита на лични податоци, особено во поглед на правото на:

  • информираност и пристап до личните податоци кои се предмет на обработка;
  • исправка во случај на неточни или нецелосни лични податоци;
  • бришење на личните податоци (право „да се биде заборавен“);
  • привремено ограничување на обработката на личните податоци под одредени услови;
  • преносливост на личните податоци од еден контролор на друг;
  • приговор на обработката на личните податоци;
  • субјектите да не бидат предмет на одлука која се заснова исклучиво на автоматизирана обработка, вклучително и профилирање;
  • надомест на штета од незаконите обработка на личните податоци;

Правни услуги за субјекти на лични податоци

За цели на остварувања на правата на субјектите, нудиме услуги на правно советување и застапување во постапки пред контролорите на лични податоци, граѓанските судови и Агенцијата за заштита на лични податоци. 

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу остварувањето на Вашите права и обврски во делот на заштита на личните податоци, слободно контактирајте Нѐ!