Адвокат за застапување

Секогаш се залагаме за примена на призмата на заштита на основните човекови права и слободи во постапките – Адвокат за застапување пред судови и други субјекти

 

АДВОКАТ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ПРЕД СУДОВИ, ДРЖАВНИ И УПРАВНИ ОРГАНИ, И ОСТАНАТИ СУБЈЕКТИ 

Направете вистински избор на адвокат за застапување во постапките пред судовите и другите органи. Ова нешто ќе Ви заштеди време и средства во постапките за заштита на Вашите права и слободи. Благодарение на нашето 11+ годишно искуство во адвокатурата, Ви нудиме максимална правна заштита на Вашите права, интереси и обврски.  Ви нудиме можност за застапување пред граѓански и управни судови, државни органи, управни органи, нотари, извршители, работодавачи, и други субјекти во правниот промет. Наша предност е што соработуваме и со невладини организации кои спроведуваат мониторинг над судските постапки, кое нешто влијае на правичноста на постапката. Дополнително преземаме и други пропратни правни механизми заради побрзо решавање на постапките.

 

АДВОКАТ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ПРЕД СУДОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СТРАЗБУР (ЕСЧП)

Покрај застапување пред домашните судови и органи, Ви нудиме и застапување во постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за кое нешто сме посебно обучени – поседуваме сертификат за успешно завршена обука организирана со подршка на Советот на Европа и Европската Унија.

Важно за потенцијалните апликанти:

Постапките пред Европскиот суд за човекови права (скратено: ЕСЧП) во Стразбур бараат соодветна правна експертиза. Во повеќе од 90% од случаите Судот ги отфрла жалбите поради процесни недостатоци. Со други зборови, Судот нема да се впушти во испитување на Вашите тврдења, токму заради процесните грешки на Вашата жалба. Ова нешто е резултат на недоволното познавање на критериумите за дозволеност на жалбите од страна на апликантите (или нивните застапници).

 

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу застапување пред надлежни судови и други субјекти, слободно контактирајте Нѐ!