Општи податоци
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на Вашите лични податоци кога ја посетувате нашата веб-страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за исполнување на целта на обработката. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Контролор на лични податоци
Контролор на личните податоци е Адвокатска канцеларија Тамара Славеска Апостоловски, со седиште на ул. „Михаил Чаков“ бр.4/локал бр.5 во Скопје – Кисела Вода, Република Северна Македонија.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата веб-страна slaveska.mk. Во принцип, собираме податоци за навигација (види подолу), кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна, како и за одржување на информациската сигурност на нашата веб-страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА „КОЛАЧИЊА“;
- Баратели на правен совет / правна информација преку контакт-формата на веб-страната. Овие барања содржат лични податоци за подносителот на барањето: име и презиме, е-маил адреса и контакт телефон;
Категории на податоци кои се обработуваат
1.Податоци за навигација
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која Ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете веб-страната на Адвокатска канцеларија Тамара Славеска Апостоловски;
2.При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата);
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би Ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања, како што е давање на правна помош – советување во врска со поднесени барања за правен совет/информација.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб-страна, вклучувајќи ја овде и формата за контакт;
- преку нашиот е-маил: advokat.slaveska@gmail.com;
- преку пошта;
- преку телефон;
- по усмен пат;
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- Право на пристап до личните податоци;
- Право на исправка и бришење на личните податоци;
- Право на ограничување на обработката на личните податоци;
- Право на приговор;
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да Нѐ контактирате директно на следниот е-маил: advokat.slaveska@gmail.com
Право на поднесување на барање до Адвокатска канцеларија Тамара Славеска Апостоловски
Ако сметате дека со начинот на кој Адвокатска канцеларија Тамара Славеска Апостоловски ги обработува Вашите лични податоци, се врши повреда на одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.