Права на субјектите на лични податоци
Субјектите на лични податоци ги имаат следните права:
- право на информираност и пристап до личните податоци кои се предмет на обработка;
- право на исправка во случај на неточни или нецелосни лични податоци;
- право на бришење на личните податоци (право „да се биде заборавен“), а доколку контролорот веќе ги споделил податоците, да побараат и од другите контролори да се придружуваат кон таквото барање под одредени услови;
- право на привремено ограничување на обработката на личните податоци под одредени услови;
- право на преносливост на личните податоци од еден контролор на друг, што подразбира контролорот да ги даде личните податоци на субјектот во форма која вообичаено се користи или да ги пренесе тие податоци на друг контролор на барање на субјектот;
- право на приговор на обработката на личните податоци (за конкретна ситуација, за целите на директен маркетинг);
- право да не бидат предмет на одлука која се заснова исклучиво на автоматизирана обработка, вклучително и профилирање, во кој случај субјектите имаат право на човечка интервенција од страна на контролорот и на изразување на своја гледна точка и оспорување на одлуката;
Доколку Ви е потребна правна помош во делот на заштита на лични податоци, кликнете овде за повеќе информации.

