Кога семејниот и брачниот живот не е „мед и млеко“ – Адвокат за семејно и наследно право
АДВОКАТ ЗА СЕМЕЈНО ПРАВО
Семејството е основна клетка на едно општество, која треба да обезбеди нормален раст и развој на неговите членови. Но, не секогаш семејството ја остварува оваа функција, поради што честопати е потребен правен совет или правно застапување од адвокат. Нашата адвокатска канцеларија е сензибилизирана за постапување во случаи со нарушени семејни односи, особено на семејствата со малолетни деца. Во нашето работење секогаш се раководиме од најдобриот интерес на детето, во зависност од спецификите на случајот. Ви гарантираме апсолутна дискреција при споделувањето на информациите, свесни за нивната деликатност и чувствителност. Ние ги користиме сите правни алатки кои ни стојат на располагање како би можеле да Ви помогнеме во најбрз можен рок и со најмалку трошоци да ги остварите Вашите права и повторно да ја вратите Вашата благосостојба.
Правни услуги
Во овој домен, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди широк спектар на услуги, поврзани со:
- развод на брак (со или без спогодба на брачните другари);
- издршка на деца и брачен другар;
- старателство над деца;
- делба на имот стекнат во брачна, вонбрачна и семејна заедница;
- утврдување/оспорување на татковство или мајчинство;
- одземање на деловна способност;
- продолжување на родителски права на децата по нивното полнолетство;
- други услуги;
АДВОКАТ ЗА НАСЛЕДНО ПРАВО
Покрај семејно право, Ви нудиме и услуги од областа на наследното право, а особено во поглед на:
- распределба на оставина врз основа на закон или тестамент (учеството на адвокат е задолжително);
- распределба на новопронајден имот (учеството на адвокат е задолжително);
- избор на најсоодветна форма на тестамент и правна помош при негово составување;
- правно советување и состав на договор за распределба на имот за време на живот, договор за доживотна издршка, договор за дар со товар;
- прогласување и оспорување на тестамент;
- остварување и оспорување на право на легат;
- остварување и оспорување на права на нужни наследници;
- други услуги;
Доколку Ви е потребен совет или помош околу остварување на Вашите права и обврски од доменот на семејното и наследното право, слободно контактирајте Нѐ!