Адвокат за договори и преддоговори

Договорите мора да се почитуваат онака како што се склучени, освен во случај на суштествени промени на околностите под кои биле склучени – Адвокат за договори и преддоговори

 

АДВОКАТ ЗА ДОГОВОРИ И ПРЕДДОГОВОРИ 

Зошто Ви е потребен адвокат во процесот на склучување на преддоговори и договори? Договорот се смета за склучен кога договорните страни ќе се согласат за битните елементи на договорот (секој договор има свои карактеристични елементи). Согласноста на волјата на страните мора да биде релевантна, јасна и недвосмислена. Сепак, во практиката се склучуваат договори кои не ја одразуваат јасно и целосно согласноста на волјите на договорните страни. Честопати се случува договорните страни да бидат во заблуда за предметот на договорот. Ова нешто доведува до непотребно водење на судски постапки, кое нешто не е во интерес на било која од договорните страни. За таа цел, неопходно е ангажирање на адвокат со искуство во преддоговори и договори, кој би го срочил преддоговорот, односно договорот согласно интересите на двете страни (согласно Кодексот на Адвокатската Етика, адвокатот е должен да води сметка за интересот на двете договорни страни).

Нашата адвокатска канцеларија секогаш посветува особено внимание при составување на договорите. Притоа водиме сметка договорите без исклучок да бидат составени во интерес на двете договорни страни, без оглед на тоа која од страните ги подмирува трошоците за состав на договорот.

 

Правни услуги

Во оваа област, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди широк спектар на услуги на анализа и состав на договори за:

  • продажба;
  • дар;
  • размена;
  • физичка делба;
  • доживотна издршка;
  • распределба на имот за време на живот;
  • соинвеститорство, градење;
  • закуп;
  • послуга;
  • залог;
  • хипотека;
  • цесија;
  • факторинг;
  • асигнација;
  • меѓусебни односи;
  • други именувани и неименувани договори;

 

Дополнително, за потребите на реализација на договорите, Ви нудиме правна подршка во постапката за утврдување на данок на промет на недвижности и наследство пред даночниот орган, како и во постапката за упис на промените на правата на недвижностите во јавната книга.

 

Доколку Ви е потребен правен совет или помош околу состав на преддоговори или договори, слободно контактирајте Нѐ!