Приватност и електронски комуникации
При електронската комуникација се создаваат големи количества на чувствителни лични податоци (мета-податоци), преку кои можат да се утврдат моделите на однесување (потрошувачките навики и сл.), кругот на лични контакти и сл. Поради ова, пристапот до овие податоци се смета за далеку поинтрузивен, споредбено со пресретнувањето на гласовната комуникација.
Користењето на паметни телефони, таблети и други уреди кои се постојано поврзани на интернет (честопати и преку употреба на безжични мрежи „Wi-fi“) придонесе за енормна инфлација на чувствителни податоци во онлајн-просторот, со што се зголемија и ризиците за повреда на правилата за заштита на личните податоци.
Како би се намалиле сајбер-ризиците, потребно е да се следат следните насоки:
- за поставување на ХТТП колачиња на уреди е потребна претходна согласност од претплатникот или од корисникот;
- давателот на услугата за јавно достапни електронски комуникации мора да ги избрише или анонимизира податоците за сообраќајот кои се однесуваат на претплатниците и корисниците на услугата, а кога веќе не се потребни за пренесување на комуникацијата;
- податоците за сообраќајот можат да се обработуваат за маркетинг на услуги за електронски комуникации или за обезбедување на услуги со додадена вредност по претходно дадена согласност;
- употребата на е-пошта при директен маркетинг е дозволена само за претплатници или корисници кои претходно дале своја согласност;
- доколку деталите за контакт преку е-пошта на корисникот се користат за директен маркетинг на производи или услуги слични на тие купени претходно, нема да биде потребна согласност;
- снимањето на комуникацијата и на поврзаните податоци за сообраќајот (метаподатоци) е дозволено доколку се врши согласно законското деловно работење со цел обезбедување докази за комерцијална трансакција или за некоја друга деловна комуникација (на пр.: осигурителна компанија го снима телефонскиот разговор со корисникот на автомобилско осигурување кој пријавува сообраќајна незгода).
Доколку Ви е потребна правна помош во делот на заштита на лични податоци, кликнете овде за повеќе информации.

