АДВОКАТ ЗА ОТВАРАЊЕ ФИРМА – Постапката за отварање фирма се спроведува пред Централниот регистар на Република Северна Македонија. За таа цел, неопходен е ангажман на овластен регистрационен агент – адвокат.
Нашата адвокатска канцеларија има овластување на регистрационен агент за спроведување на сите постапки пред Централниот регистар. Вклучително, нудиме и услуги за регистрација на трговско друштво.
Како најчести форми во кои се основа компанијата, односно се отвара фирмата, се:
- Друштвото со ограничена одговорност (ДОО), и
- Друштвото со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ).
Постојат повеќе предности за изборот на овие форми на здружување. Најважна предност е тоа што содружниците, односно основачите на Друштвото одговараат за неговите обврски до висината на вложените средства. Ова нешто им овозможува одредена економска стабилност и намалување на на ризикот од преземениот бизнис предизвик.
Што Ви е потребно за регистрација на ДОО или ДООЕЛ?
Постојат повеќе податоци кои треба да бидат обезбедени од Ваша страна за потребите на постапката за регистрација на фирмата, и тоа:
- Назив, односно фирма на Компанијата;
- Скратен назив, односно фирма на Компанијата;
- Приоритетна дејност на Компанијата;
- Висина на основната главнина на Компанијата;
- Вид на основачкиот влог во Компанијата;
- Начин на внесување на основачките влогови;
- Број на содружници;
- Број на управител/и и нивните овластувања;
- Банка на Компанијата;
- Емаил адреса на Компанијата;
- Други податоци во зависност од конкретниот случај;
Како тече постапката пред Централниот регистар?
Постапката за регистрација тече во неколку фази:
- Подготовка на потребна документација, по претходно обезбедување на сите релевантни информации;
- Поднесување на пријава во електронска форма пред Централниот регистар;
- Барање од Централниот регистар за евентуални корекции на пријавата; и
- Донесување на конечна одлука на Централниот регистар, која може да се подигне во електронска форма преку е-системот, или во хартиена форма на одбраниот шалтер на Централниот регистар.
Што по добивање на Решението од Централен регистар?
По спроведувањето на постапката пред Централниот регистар, имате обврска да ги преземете следните дејствија:
- Запишување на вистинскиот сопственик на Компанијата во Регистарот на вистински сопственици кој се води пред Централниот регистар, во кое нешто може да Ви помогне овластениот регистрационен агент – адвокат;
- Обезбедување на печати (за потпис на документи и заверување на документи со деловодни броеви);
- Отварање на сметка во одбраната банка;
- Преземање на други дејствија во зависност од конкретниот случај (на пр.иницирање на постапка за добивање на соодветна дозвола или лиценца за работа);
- Донесување на потребна документација за усогласување на Вашето работење од аспект на македонските позитивни законски прописи, како на пр. работно законодавство, прописи за заштита на лични податоци и сл.