Работничките права се човекови права.

Работничките права – повеќе од обична законска обврска на работодавачот

 

Споровите од работни односи (отказ, неисплатени плати, повреда на работа и сл.) се најзастапени спорови во македонските судови. Оттука, инвестирањето во соодветна правна подршка од адвокат заради превенирање на работните спорови, е паметна одлука, не само за работниците, туку и за работодавачите. Како адвокатска канцеларија, свесни сме дека почитувањето на работничките права преку соодветна примена на законите, како и обезбедувањето на поволна работна средина за мотивација и развој на вработените, се клучен фактор за економскиот раст и развој на друштвото.

 

Правни услуги за работодавачи – адвокат за работни односи

 

Во оваа насока, нашата адвокатска канцеларија со своето богато искуство во оваа сфера, како и практични вештини стекнати со учество на многубројни обуки (вклучително и на Академијата за човечки ресурси), Ви овозможува широк спектар на услуги, поврзани со:

  • анализа и подготовка на сите потребни акти од аспект на Законот за работните односи и сродните закони, како на пр.: систематизација на работни места, работно време, дисциплинска постапка, безбедност и здравје при работа, заштита на личните податоци, заштита од вознемирување на работното место;
  • правно советување при имплементација на законските прописи од областа на работните односи, како и редовно ажурирање за промените од областа на Законот за работните односи и сродните закони;
  • анализа и подготовка на договори за вработување и менаџерски договори, пријава на работници;
  • анализа и подготовка на колективни договори;
  • преговори со синдикални организации при колективно договарање;
  • преземање на работници во случај на статусни промени на друштвото;
  • дозволи за работа и вработување на странци;
  • надомест на штета причинета од работник;
  • престанок на работниот однос и одјава на работници;
  • застапување во работни спорови по тужба на работник или член на неговото семејство;
  • други услуги;

 

Правни услуги за работници – адвокат за работни односи

 

Во оваа сфера, Ви нудиме правни услуги на советување и подготвување на потребната документација за:

  • засновање на работен однос (договори за вработување и менаџерски договори);
  • остварување на сите права од работен однос;
  • спроведување на постапки за основање, промени и престанок на синдикални организации пред Централен Регистар;

Покрај ова, Ви нудиме и застапување во работни спорови пред работодавачи, надлежни органи и судови по основ на:

  • незаконит отказ или парична казна;
  • незаконито прераспоредување на работно место;
  • вознемирување на работно место (мобинг);
  • дисциплинска постапка;
  • конкурентска клаузула (забрана за вршење на конкурентска дејност);
  • повреда на правото на заштита на лични податоци (незаконито снимање и следење на комуникациите на вработените);
  • повреда на работа;
  • заштита на укажувачи;
  • други постапки;

 

Доколку Ви е потребен совет или помош во остварувањето на Вашите права и обврски од работен однос, слободно контактирајте Нѐ!