Единствени корисници на правилата за заштита на лични податоци се идентификуваните физички лица, односно физичките лица кои можат да се идентификуваат. Правните лица не можат да се јават како носители на правото на заштита на личните податоци, но можат да се јават како носители на правото на приватност (право на углед и репутација).
Правото на приватност и заштитата на личните податоци се загарантирани не само со националното законодавство – Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на личните податоци, туку и со меѓународните инструменти на Советот на Европа – Европската конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП) и Конвенцијата за заштита на поединци во врска со автоматската обработка на личните податоци (Конвенција 108+), чија потписничка е Република Северна Македонија, како и со правната рамка на Европската Унија – Повелбата за основните права во ЕУ и Општата Регулатива за заштита на личните податоци (GDPR).
Разликата меѓу семејното насилство и семејното недоразбирање е астрономска.“
Мрежата за заштита од дискриминација организираше тркалезна маса на тема „Дискриминација како основ за судски спор во судскиот деловник“, со цел да се дискутираат можни решенија со сите засегнати страни за зголемување на пристапноста до судските одлуки за дискриминација, со што ќе
ПОВЕЌЕ
„Случајот на Тони Сали е еклатантен пример за тромоста и неефикасноста на бирократијата.“
„Невоедначената судска практика при постапувањето по тужби за утврдување на (појако) право на легализација го поткопува правото на пристап до суд“
