Жени жртви или жени злосторници? Случајот на Пале Илкоска
„Неопходна е модернизација на концептот на делување во „миг“, како и воведување на концептот на „провокација со бавно согорување“. Притоа, вака модернизираниот концепт на одбрана треба да биде доволно широк, како би овозможил негова примена во корист жените – жртви на семејно насилство кои ги убиваат насилните партнери, а истовремено да биде доволно тесен, како би се оневозможила негова примена во корист на мажите – насилници кои ги убиваат нивните партнерки како кулминација на семејното насилство што го вршеле претходно.“

