Дознајте повеќе околу нашите принципи на работа:
1. Нашето мото: Помал број на клиенти – поголем простор за максимална посветеност
Нашата адвокатска канцеларија е максимално посветена да обезбеди врвна и уникатна правна помош, скроена според потребите и можностите на нашите клиенти. За да ја постигнеме нашата цел, одлучивме да соработуваме со помал број на клиенти, со кои можеме да оствариме долгорочна соработка. Ова нешто е од бенефит за обете страни, и е еден од основните наши принципи на работа.
2. Дали и зошто ја наплаќаме правната помош?
За да го постигнеме нивото на квалитет на правната помош која ја обезбедуваме, сме вложиле време, енергија и трошоци во континуирана едукација и вмрежување (повеќе за нашата едукација и вмрежување во делот на: Биографија и Сертификати). Од овие причини, квалитетната правна помош не е бесплатна. Работиме исклучиво со клиенти кои ги ценат нашето време и нашата посветеност да ја обезбедиме најдобрата правна помош за нив.
Минималната цена на адвокатската работа е утврдена со Адвокатската Тарифа донесена од страна на Адвокатската Комора на РСМ.
Сепак, имајте во предвид дека адвокатот е слободен со клиентот да договори и повисока (во никој случај пониска) цена од минималната.
3. Зошто и во кој износ ја наплаќаме иницијалната правна консултација (правен совет)?
Квалитетниот правен совет е круцијален во превенција на непотребни трошоци за водење на постапки. Водејќи се од нашата максима дека превенцијата е најдобра, фокусирани сме на нашите клиенти да им овозможиме вонсудско решавање на правните проблеми со кои се соочуваат. Водењето на постапки е крајното средство кон кое пристапуваме само кога другите можности се непристапни во дадениот случај.
Како нашите клиенти би добиле квалитетен правен совет, ја користиме нашата експертиза и искуство, кои сме ги стекнале со вложување на нашето време, енергија и трошоци.
Од овие причини, правната консултација ја наплаќаме во износ од најмалку 2.000 денари од започнат час, во зависност од видот на правната работа за која сакате да се консултирате, документите што е неопходно да се разгледат, законите кои треба да се простудираат, и слично.
Доколку дополнително се одлучите да водите постапка преку нашата канцеларија во врска со правната работа за која сте платиле трошок за консултација, истиот ќе го одбиеме од трошоците на постапката.
4. Што да очекувате со првиот телефонски разговор (контакт)?
При првичниот разговор, потребно е да нѐ информирате која е целта на Вашето јавување. Во зависност од причината за која Нѐ контактирате, ќе закажеме состанок. Истиот може да се одржи лично, во нашата канцеларија (или на друго место во зависност од потребите на случајот), или онлајн, користејќи алатки за организација на состаноци на далечина (Гугл, Зум, Вибер, ВацАп, Телеграм и сл.).
Во секој случај, Ве охрабруваме да Нѐ контактирате на нашите емаил-адреси: advokat.slaveska@gmail.com и info@slaveska.mk, или на контакт-формата објавена на нашата веб-страница. Во мејлот, односно пораката ќе биде потребно да опишете која е причината за која Нѐ контактирате (по можност со хронологија на настаните), и по потреба да Ни испратите и документи за случајот, доколку такви поседувате. Од наша страна ќе бидете контактирани во најбрз можен рок, по можност уште истиот ден.
Цената за правна консултација е наведена погоре.
5. Што да НЕ очекувате со првиот телефонски разговор (контакт)?
Не постои инстант решение за секој случај, ниту пак постои точен одговор кој може да Ви биде даден уште со првичниот разговор. Секој случај е различен, и потребно е да бидат разгледани сите аспекти, како би можеле да Ви дадеме сеопфатен и точен одговор на прашањата за кои Нѐ контактирате.
Доколку сакате да Нѐ ангажирате за давање на правна помош, слободно контактирајте Не!
Е-пошта: advokat.slaveska@gmail.com
Е-пошта: info@slaveska.mk