Адвокат Тамара Славеска Апостоловски

Адвокат Тамара Славеска Апостоловски има 10+ годишно искуство во адвокатурата, застапувањето пред судовите во Македонија и Судот во Стразбур, правната анализа и судскиот мониторинг.

 

Формално образование

Веднаш по завршување на додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ со просек 9.73, се вработува како адвокатски приправник во едно од најпознатите адвокатски друштва во Скопје, Македонија. Паралелно со стекнувањето на практичното искуство, истата го продолжува формалното образование на истиот факултет. Постдипломските студии ги завршува со просек 10.00, по успешно бранење на магистерскиот труд на тема: „Степенот на усогласеност на македонското право со секундарното законодавство на ЕУ во уредувањето на одговорноста за еколошка штета“.

По успешното полагање на правосудниот испит, се стекнува со лиценца за вршење на адвокатска дејност бр.3757.

 

Работно искуство

Неуморната пасија, напорната работа и упорноста се нотирани од адвокатското друштво во кое работи од самиот почеток на кариерата, кое и го доделува признанието за „адвокат со најсложени предмети во 2017 година“ по повод 25-годишниот јубилеј на друштвото.

Во 2019 год. ја отвара својата адвокатска канцеларија, која набрзо станува препознатлива по креативниот пристап во решавањето на правните предизвици од секаков вид, вклучително и во борбата против неефикасната администрација.

 

Истата година се стекнува со лиценца за овластен регистрационен агент пред Централниот регистар.

 

Од септември 2022 година работи и како надворешен офицер за заштита на лични податоци на повеќе компании во Македонија.

 

Неформално образование

За целиот период на своето работење, истата во континуитет ја надградува својата правна експертиза преку посетување на сертифицирани обуки за правни професионалци, истовремено надоградувајќи се и во сродните (на правото) области.

Имено, истата е алумна на:

 

Општествени активности

Паралелно со водењето на адвокатската канцеларија, истата активно соработува со повеќе невладини организациии. Имено, истата остварува соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“, Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот Комитет, кои работат во делот на заштита на човековите права. Исто така, остварила соработка и со невладините организации Фронт 21/42 и Еко-Свест, кои работат на полето на заштита на животната средина и климатските промени.

Истотака, истата зема активно учество во општествениот живот, гостувајќи во повеќе национални емисии, меѓу кои и:

Меѓудругото, автор е на повеќе текстови, меѓу кои:

 

Јазици

Активно го владее англискиот јазик (ниво C1).

 

Хоби

Освен пасијата кон правото, истата е голем љубител на природата и спортот. Во слободно време практикува јога, кик-бокс, планинарење, трчање на долги патеки, планински и друмски велосипедизам. Активно учествува на спортските активности „Прв до врв“ и „Скопски маратон“ од 2014 год.