АДВОКАТ ЗА СТАТУСНИ ПРОМЕНИ НА КОМПАНИЈА (ПРИСОЕДУВАЊЕ / ПРЕЗЕМАЊЕ, СПОЈУВАЊЕ, ПОДЕЛБА) – Во текот на бизнис работењето не ретко се јавува потреба за вршење на статусни промени кај компанијата, и тоа во вид на преземање од друга компанија, спојување со друга компанија, односно поделба на две или повеќе компании. Статусните промени може да се вршат помеѓу друштва кои се организирани во различна правна форма. На пример, АД може да се дели на две или повеќе ДОО.
Постапката за спроведување на статусна промена се води пред Централниот регистар на Република Северна Македонија. Станува збор за поприлично комплицирана постапка, која бара и вклучување на други стручни лица во процесот (проценители и сл.). За таа цел, неопходен е ангажман на овластен регистрационен агент – адвокат.
Нашата адвокатска канцеларија располага со овластување за регистрационен агент за спроведување на сите постапки пред Централниот регистар. Вклучително, нудиме и услуги за потребите на регистрација на статусни промени кај компаниите.
Што е присоединување, односно преземање?
Присоединувањето (преземањето) подразбира ситуација кога една или повеќе компании се преземаат од страна на друга компанија. Во овој случај се пренесува целокупниот имот, права и обврски на друштвата што се присоединуваат. Притоа, не се спроведува постапка за нивна ликвидација. Во тој случај, друштвото што презема им издава удели, односно акции за така извршеното присоединување.
Што е спојување?
Спојувањето подразбира ситуација во која две или повеќе компании се спојуваат преку основање на ново друштво. Новото друштво го стекнува целокупниот имот, права и обврски на постојните друштва, без спроведување на постапка за нивна ликвидација. Во тој случај, новоформираното друштво им издава удели, односно акции за така извршеното спојување.
Што е поделба?
Поделбата е ситуација во која компанијата го пренесува целиот или дел од својот имот, права и обврски на две или повеќе новоформирани компании, односно две или повеќе постојни компании. Доколку компанијата го пренесува целиот свој имот, права и обврски, во тој случај компанијата престанува без спроведување на ликвидација. Доколку компанијата пренесува само дел од својот имот, права и обврски, во тој случај истата продолжува и понатаму да постои во правниот промет.
Што се случува со уделите на содружниците, односно акциите на акционерите?
Содружниците, односно акционерите на компаниите кои се присоединуваат, се спојуваат, односно се делат, стекнуваат удели, односно акции од компаниите што ги преземаат, односно од новоформираните компании, а по потреба примаат и разлика во пари, чијшто износ не надминува 10% од номиналниот износ на примените удели, односно акции.
Доколку Ви треба правен совет или помош околу спроведување на постапката за статусна промена на Вашата компанија, слободно контактирајте Нѐ!
