АДВОКАТ ЗА ПРОМЕНА НА СОДРУЖНИК, УПРАВИТЕЛ И ПРЕНОС НА УДЕЛ – Во текот на работењето на бизнисот, не ретко се јавува потреба за пренос на уделот на содружникот. Ова нешто честопати доведува и до промена на управителот, односно органот на управување.
Постапката за промена на содружникот (и управителот), односно преносот на удел се спроведува пред Централниот регистар на Република Северна Македонија. За таа цел, неопходен е ангажман на овластен регистрационен агент – адвокат.
Нашата адвокатска канцеларија има овластување на регистрационен агент за спроведување на сите постапки пред Централниот регистар. Вклучително, нудиме и услуги за регистрација на промените кај фирмите.
Кога и под кои услови се врши промена на содружник (и управител), односно пренос на удел?
Преносот на уделот може да се изврши со надомест, и во тој случај станува збор за продажба. Истотака, преносот на уделот може да се изврши и без надомест, односно лукративно, или пак за симболична цена.
Уделот може да се пренесе во целост или во негов дел. Во случај на пренос на уделот во целост, престанува содружничкиот однос на дотогашниот содружник, односно истиот истапува од Друштвото.
Уделот може да се пренесе на друг содружник или на самото Друштво, или од него овластено лице. Уделот може да се пренесе на трето лице, само во случај доколку останатите содружници, односно Друштвото не сакаат да го преземат уделот.
Доколку стариот содружник истовремено бил и управител на Друштвото, потребно е да се спроведе и промена на управителот на Друштвото.
На што да внимавате?
Во секој случај, срочување на потребната документација не е доволно за успешно завршување на постапката. Потребно е претходниот содружник, односно содружникот кој го пренесува уделот, и новиот содружник, односно содружникот кој го презема уделот, да немаат неплатени давачки на име на придонеси, даноци и царински обврски. Ова нешто се докажува со прибавување на Уверение за платени даноци и придонеси од страна на УЈП (истото се прибавува според местото на живеење на содружникот) и Потврда за непостоење на царински обврски од страна на Царинската Управа (истата се прибавува од Генералната дирекција во Скопје). Доколку не се подмирени Вашите давачки по овие основи, нема да можете да ја спроведете промената во Централниот регистар.
Доколку Ви е потребна правна помош во спроведувањето на постапката и прибавувањето на потребните документи за пренос на удел, односно промена на содружник (и управител), слободно контактирајте Нѐ!
