АДВОКАТ ЗА ОСНОВАЊЕ И БРИШЕЊЕ НА ПОДРУЖНИЦА – Честопати работниот процес на компанијата налага истата да врши работи, односно дејности и надвор од седиштето на кое е регистрирана. За таа цел, компанијата треба да основа една или повеќе подружници, во зависност од тоа колку дејности планира да врши. Подружницата може да ги врши сите дејности што може да ги врши и компанијата што ја основа. Исто така, работниот процес може да наложи и бришење на подружницата, претходно основана.

 

Постапката за регистрација и бришење на подружница се спроведува пред Централниот регистар на Република Северна Македонија. За овие цели се јавува потреба за ангажирање на стручно лице, односно овластен регистрационен агент – адвокат.

 

Нашата адвокатска канцеларија има овластување на регистрационен агент за спроведување на сите постапки пред Централниот регистар на Република Северна Македонија. Вклучително, нудиме и услуги на спроведување на постапка за основање или бришење на подружница.

 

Како се организира подружница?

Надлежниот орган на компанијата треба да донесе одлука за организирање на подружница, која нужно треба да содржи одредени задолжителни елементи. Подружницата работи под називот на компанијата што ја организирала, во која задолжително се наведува нејзиното седиште и зборот „подружница“.

 

Дали подружницата има својство на правно лице?

Подружницата не се организира како посебен правен субјект, односно истата не е правно одделена од компанијата. Сите права и обврски кои произлегуваат од работењето на подружницата ги стекнува самата компанија. Во случај на судски спор кој произлегува од дејноста на подружницата, компанијата ќе се јави како странка во спорот.

 

Како престанува подружницата?

Подружницата престанува во случај доколку компанијата преку својот надлежен орган донесе одлука за престанок на подружницата, како и во случај доколку настапи престанок на компанијата која ја организирала подружницата (во случај на стечај, ликвидација и сл.).

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу постапката за основање или бришење на подружница на Вашата компанија, слободно контактирајте Нѐ!