АДВОКАТ ЗА СТЕЧАЈ, ЛИКВИДАЦИЈА И ДРУГИ СЛУЧАИ НА ПРЕСТАНОК НА ДРУШТВОТО – Честопати бизнис реалноста нужно бара и престанок на деловниот потфат. Како најчести случаи за престанок на друштвото се:
- Истек на времето определено со основачкиот акт (Изјава, Договор, Статут), ако друштвото било основано на определен временски период;
- Ликвидација, односно одлука на надлежниот орган на друштвото. Во случај на престанок на ДОО, надлежен орган е собирот на содружници. Во случај на престанок на АД, надлежен орган е акционерското собрание. Ликвидацијата има и свои специфики – претходно треба да бидат известени доверителите за намерата за престанок на друштвото. Во секој случај, за успешно спроведување на ликвидација, неопходно е друштвото да нема постоечки долгови спрема даночниот орган;
- Одлука на судот со која ќе се утврди ништовност на друштвото и уписот на друштвото во трговскиот регистар,
- Статусни промени (присоединување, спојување или поделбата на друштвото);
- Стечај;
- Други ситуации во зависност од организационата форма на друштвото.
Постапката за престанок на друштвото подразбира донесување на соодветна документација, ангажирање на други стручни лица, евентуално водење на постапка пред надлежен суд. Доколку се спроведува постапка за стечај, нужно ќе биде ангажирање на стечаен управник. Доколку се спроведува постапка за ликвидација, нужно ќе биде ангажирање на ликвидатор. По потреба може да се ангажира и проценител, во зависност од конкретна ситуација. Доколку е потребно да се констатира ништовност на основачкиот акт, неопходно е спроведување на постапка пред граѓански суд. Во секој случај, престанокот на друштвото нужно мора да се регистрира и во постапка пред Централниот регистар на Република Северна Македонија. За таа цел, неопходен е ангажман од овластен регистрационен агент – адвокат.
Нашата адвокатска канцеларија има богато искуство во спроведување на најразлични постапки пред Централниот регистар. Вклучително, нудиме и услуги за потребите на престанок на компаниите.
Доколку Ви треба правен совет или помош околу постапката за престанок на Вашата компанија, слободно контактирајте Нѐ!
