АДВОКАТ ЗА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ – Странските директни инвестиции се дел од стратешката определба на секоја држава, со оглед да доведуваат до зголемување на БДП, отворање на нови работни места и подобрување на конкуренцијата на пазарот. Заради евиденција на движењето на странскиот капитал за даночни и други цели, неопходно е регистририрање на странските директни инвестиции во постапка пред Централниот регистар на Република Северна Македонија.

 

Нашата адвокатска канцеларија располага со овластување за регистрационен агент за спроведување на сите постапки пред Централниот регистар. Вклучително, нудиме и услуги за потребите на регистрација на странски директни инвестиции.

 

Што се странски директни инвестиции?

  • капитални вложувања на нерезиденти во правни субјекти регистрирани на територија на Република Северна Македонија, и
  • вложувања на капитал на резиденти во правни субјекти регистрирани на територија на странска држава. 

 

Како примери на директни инвестиции се сметаат:

  • Основање на трговско друштво во целосна сопственост на инвеститорот;
  • Зголемување на основната главнина на трговското друштво во целосна сопственост на инвеститорот;
  • Основање подружница;
  • Стекнување на целосна сопственост над постоечко трговско друштво;
  • Учество со повеќе од 10% во новоформирано или веќе постоечко трговско друштво;
  • Долгорочен заем со период од пет и повеќе години;

 

Како директни инвестиции не се сметаат:

  • Купувањето на опрема во Република Северна Македонија;
  • Плаќање во денари – на Уплатница ПП;
  • Пренос на удел без надомест на странец од резидент кој основал трговско друштво во Република Северна Македонија;
  • Учество со помалку од 10% во новоформирано или веќе постоечко трговско друштво;
  • Непаричен влог кој се внесува како потрошен материјал;
  • Компензација, цесија, асигнација;
  • Внесени пари во Република Северна Македонија со намена да се вложат како основачки влог; 

 

Како се одвива постапката за регистрација на странски директни инвестиции?

Странските директни инвестиции задолжително се запишуваат во Регистарот на странски директни инвестиции, кој се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија. Обврската за упис паѓа на товар на субјектот кој вложува странски капитал.

Таквата обврска мора да се изврши во рок од 60 дена од вложувањето на капиталот, како и од настанување на сите понатамошни промени на вложувањето (повлекување или зголемување на вложениот капитал).

На пример, доколку странски нерезидент (физичко или правно лице) основа ново трговско друштво во Република Северна Македонија, а влогот не го вложува со денот на основање на друштвото, туку во рок од 1 година од основањето, тогаш рокот од 60 дена започнува да тече од денот на внесувањето на основачкиот влог, а не од денот на основањето на трговското друштво.

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу спроведување на постапката за регистрација на странска директна инвестиција на Вашата компанија, слободно контактирајте Нѐ!