Секогаш се залагаме за примена на призмата на човековите права во постапките.

Искуство и знаење

 

Благодарение на нашето 10-годишното разнолико практично искуство во адвокатурата, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди застапување за заштита и остварување на Вашите права, правни интереси и обврски пред надлежни државни органи, органи на државната управа и други правни лица со јавни овластувања, нотари, извршители, граѓански и управни судови во сите инстанци, вклучително и Уставниот суд. Притоа, соработуваме и со невладини организации кои спроведуваат мониторинг над судските постапки, а заради заштита на правото на правично судење во разумен рок, а дополнително преземаме и други пропратни правни механизми заради побрзо решавање на постапките.

 

Адвокат за застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП)

 

Исто така, Ви нудиме и застапување во постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за кое нешто сме посебно обучени – поседуваме сертификат за успешно завршена обука организирана со подршка на Советот на Европа и Европската Унија.

ВАЖНО ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ АПЛИКАНТИ: Имајте на ум дека постапките пред Европскиот суд за човекови права (скратено: ЕСЧП) бараат соодветна правна експертиза. Во повеќе од 90% од случаите ЕСЧП ги отфрла поднесените жалби поради процесни причини (без да се впушта во испитување на исправноста на тврдењата), а како резултат на недоволното познавање на критериумите за дозволеност на жалбите од страна на апликантите (или нивните застапници).