Судските трошоци се сите трошоци кои се потребни за водење на постапката. Во истите се вклучени адвокатските трошоци, трошоците за судски такси за тужба, предлог, одлука, правен лек, трошоците за вештачење, трошоците за присуство на вешто лице/сведок на расправа и сл. При одмерување на судските трошоци, судот води сметка да ги досуди само оние трошоци кои биле реално потребни за водење на спорот.