Семејниот и брачниот живот не е секогаш „мед и млеко“

Свесни за важноста на семејството

 

Семејството е основна клетка на секое општество и клучен фактор за примарна социјализација на децата. Во рамките на семејството, децата ги учат социјалните правила и вредности, и се оспособуваат за живот во пошироката заедница. Оваа функција семејството може да ја врши доколку односите помеѓу членовите се темелат на љубов, внимание, почит и подршка. Нарушените односи во семејството и бракот не само што негативно влијаат на семејната хармонија помеѓу членовите, туку и врз благосостојбата на личноста. Семејната дисхармонија нужно ја наметнува потребата за поинакво уредување на семејните, брачните и вонбрачните односи. Во овие случаи, честопати е потребна помош од Центарот за социјални работи, но истотака е потребна и правна помош од адвокат (развод на брак, старателство на деца, издршка, делба на имот и сл.). Честопати, правната подршка е потребна и при правно уредување на семејните односи од други причини (утврдување / оспорување на татковство или мајчинство, посвојување на деца и сл.)

 

Правни услуги – адвокат за семејно право

 

Нашата адвокатска канцеларија е сензибилизирана за постапување во случаи со нарушени семејни односи, особено на семејствата со малолетни деца. Во нашето работење секогаш се раководиме од најдобриот интерес на детето, во зависност од спецификите на случајот. Ви гарантираме апсолутна дискреција при споделувањето на информациите, свесни за нивната деликатност и чувствителност. Ние ги користиме сите правни алатки кои ни стојат на располагање како би можеле да Ви помогнеме во најбрз можен рок и со најмалку трошоци да ги остварите Вашите права и повторно да ја вратите Вашата благосостојба.

Во овој домен, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди широк спектар на услуги, поврзани со:

  • развод на брак (со или без спогодба на брачните другари);
  • издршка на деца и брачен другар;
  • старателство над деца;
  • делба на имот стекнат во брачна, вонбрачна и семејна заедница;
  • утврдување/оспорување на татковство или мајчинство;
  • посвојување на деца;
  • одземање на деловна способност;
  • продолжување на родителски права на децата по нивното полнолетство;
  • други услуги;

 

Правни услуги – адвокат за наследно право

 

Покрај семејно право, Ви нудиме и услуги од областа на наследното право, а особено во поглед на:

  • распределба на оставина врз основа на закон или тестамент (учеството на адвокат е задолжително);
  • распределба на новопронајден имот (учеството на адвокат е задолжително);
  • избор на најсоодветна форма на тестамент и правна помош при негово составување;
  • правно советување и состав на договор за распределба на имот за време на живот, договор за доживотна издршка, договор за дар со товар;
  • прогласување и оспорување на тестамент;
  • остварување и оспорување на право на легат;
  • остварување и оспорување на права на нужни наследници;
  • други услуги;

 

Доколку Ви е потребен совет или помош околу остварување на Вашите права и обврски од доменот на семејното и наследното право, слободно контактирајте Нѐ!