Превенцијата е подобра од правните лекови.

Проблеми со наплата

 

Отсуството на наплата на побарувањата честопати е причина за неликвидност на фирмите-доверители, но истотака е резултат и на неликвидноста на фирмите-должници. Зголемувањето на можностите за успешна наплата на долговите бара преземање на соодветни мерки, за кое нешто е потребно соодветно правно знаење, но и умешност, имајќи предвид дека фирмите-должници не секогаш се отворени да ги обезбедат побарувањата на нивните доверители. Исто така, неуспехот во наплатата на побарувањата понекогаш е резултат на отсуството на јасни и прецизни договорни одредби. Од овие причини, пожелно е да побарате правна помош од адвокат пред потпишување на какви било договори со Вашите должници, односно клиенти.

 

Правни услуги за доверители – адвокат за наплата на побарувања

 

Нашата адвокатска канцеларија Ви обезбедува низа превентивни мерки за успешна наплата на Вашите побарувања, уште пред нивното доспевање – правно советување и изготвување на различни видови на договори со фиксни рокови, извршна клаузула, солидарна одговорност, гаранција, залог и друго.

Исто така, Ви обезбедуваме и широк спектар на услуги за наплата на Вашите побарувања по нивното доспевање, преку застапување во постапка пред:

  • нотар за донесување на решение врз основа на веродостојна исправа;
  • суд по тужба за наплата на долг;
  • извршител по барање за извршување врз основа на извршна исправа;
  • суд по предлог за отварање на стечајна постапка над должникот;

Притоа, го избираме она правно средство кое ќе обезбеди најголеми шанси за наплата на Вашето побарување во најбрз можен рок со најмалку трошоци.

 

Правни услуги за должници – адвокат за неоснован долг

 

Исто така, обезбедуваме и правно советување и застапување на фирми-должници во погоренаведените постапки, во случај кога истите се неосновано тужени (непостоење на долг, исполнување на долг, застареност на долг, преземање на долг и сл.).

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу наплата на Вашите побарувања или ослободување од Вашите долгови, слободно контактирајте Нѐ!