Надоместокот за ангажирање адвокат е определен со Адвокатската Тарифа донесена од страна на Адвокатската Комора на РСМ (види повеќе). Надоместокот не смее да биде договорен под износите утврдени со Тарифата. Дозволено е договарање на надоместок во износ повисок од определениот со Тарифата (со согласност на клиентот, се разбира). Имајте во предвид дека надоместокот зависи од повеќе фактори: видот на постапката (граѓанска, кривична, управна, постапка пред Централен регистар), предмет на спорот, вредност на спорот, бројот на странките во постапката и сл. За повеќе информации, обратете се кај адвокат.