Истото е предмет на Договор со Вашиот адвокат. За дел од дејствијата може да Ви биде побаран аванс. Во принцип, дејствијата се наплаќаат по нивно преземање (да речеме, по состав на определен поднесок или договор, или застапување на определено рочиште). Но, можете да се договорите адвокатските трошоци да ги платите на крај, по завршување на случајот.