Довербата е клучен елемент во односот помеѓу адвокатот и клиентот. Доколку Вашиот адвокат е отворен, транспарентен и реален со Вас од самиот почеток, како во однос на трошоците на спорот, така и во однос на шансите за успех, Вие сте го направиле вистинскиот избор. Имајте во предвид дека адвокатот може да го одбие давањето на правна помош доколку шансите за успех се незначителни. Адвокатот е должен секогаш да работи во Ваш најдобар интерес. Исто така, адвокатот е должен да Ве информира за состојбата на предметот на Ваше барање.