Многу граѓани веруваат дека имаат потреба од адвокат само во случај на спор – кога се тужени или кога сакаат да тужат. Дел од граѓаните пак, се советуваат со нотари, извршители или други правници кога имаат потреба за потпишување на правни дела (договори, изјави и сл.). Имајте во предвид дека правното советување и застапување влегуваат во доменот на правна помош, за чие давање единствено надлежни се адвокатите. Секое надриписарство е казниво со закон. Советувајте се со адвокат секогаш пред потпишување на документи со правни последици или кога сакате да се информирате за начинот на остварување на Вашите права и обврски. Правниот совет добиен од адвокат може да Ви заштеди непотребно трошење на време и средства за водење на спорови во иднина.