Правни услуги – адвокат за градежништво

 

Во оваа област, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди целосна правна подршка од самиот почеток – склучување на (пред)договор за соинвеститорство, издавање на потребни дозволи до конечна реализација – упис на градежниот објект во јавната книга. Дополнително, соработуваме со стручни лица – проектанти, урбанисти, изведувачи и надзорници, како би можеле да Ви помогнеме да го направите вистинскиот избор за Вашиот деловен потфат.

Правните услуги кои ги обезбедува нашата адвокатска канцеларија во областа на градежништво, се состојат во:

  • анализа и подготовка на договори за уредување на меѓусебни односи, договори за соинвеститорство, договори за заедничка градба, договори за градење, договори за проектирање и договори за надзор;
  • правно советување и застапување во постапки за уредување на имотните односи (формирање на градежна парцела, физичка делба на имот, приватизација и сл.);
  • правно советување и застапување во постапка за издавање на дозвола, одобрение за градење и одобрение за употреба;
  • правно советување и застапување во постапка за упис на градежниот објект;
  • други услуги;

 

Доколку Ви треба правен совет или помош околу водење на постапки за добивање на градежна дозвола, како и подготовка на преддоговори и договори за соинвеститорство, слободно контактирајте Нѐ!