„Pacta sunt servanda. Rebus sic standibus.“ – Договорите мора да се почитуваат онака како што се склучени, освен во случај на суштествени промени на околностите под кои биле склучени.

Договорите како израз на волјата на двете страни

 

Договорот се смета за склучен кога договорните страни ќе се согласат за битните елементи на договорот (секој договор има свои карактеристични елементи). Согласноста на волјата на страните мора да биде релевантна, јасна и недвосмислена. Сепак, во практиката се склучуваат договори кои не ја одразуваат јасно и целосно согласноста на волјите на договорните страни. Честопати се случува договорните страни да бидат во заблуда за предметот на договорот. Ова нешто доведува до непотребно водење на судски постапки, кое нешто не е во интерес на било која од договорните страни.

 

Правни услуги – адвокат за договори

 

Нашата адвокатска канцеларија секогаш посветува особено внимание при составување на договорите. Притоа водиме сметка договорите без исклучок да бидат составени во интерес на двете договорни страни, без оглед на тоа која од страните ги подмирува трошоците за состав на договорот.

Во оваа област, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди широк спектар на услуги на анализа и состав на договори за:

  • продажба;
  • дар;
  • размена;
  • физичка делба;
  • доживотна издршка;
  • распределба на имот за време на живот;
  • соинвеститорство, градење;
  • закуп;
  • послуга;
  • залог;
  • хипотека;
  • цесија;
  • факторинг;
  • асигнација;
  • меѓусебни односи;
  • други именувани и неименувани договори;

Дополнително, за потребите на реализација на договорите, Ви нудиме правна подршка во постапката за утврдување на данок на промет на недвижности и наследство пред даночниот орган, како и во постапката за упис на промените на правата на недвижностите во јавната книга.

 

Доколку Ви е потребен правен совет или помош околу состав на преддоговори или договори, слободно контактирајте Нѐ!