Доколку е нарушен односот на доверба со Вашиот адвокат од било кои причини, можете да ангажирате и друг адвокат. Сепак, имајте во предвид дека сте должни да му го платите надоместот на ангажираниот адвокат за дејствијата што ги презел, како и трошоците кои ги поднел до тој момент. Во случај на неосновано откажување на полномошното, адвокатот има право на надомест за идно дејствие (кое не го презел), како и надомест на евентуална штета која е причинета поради неосновано раскинување на Договорот за налог (застапување).