Брзо, ефикасно, квалитетно – Адвокат за регистрација на фирма и други постапки пред Централен регистар
АДВОКАТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИРМА (ОВЛАСТЕН РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ):
Зошто е потребен адвокат во постапките пред Централен регистар? Постапката за регистрација на основањето на фирма, како и постапката за регистрација на промени кај фирма (промена на основач, управител, генералии на фирма и сл.) се спроведува по електронски пат пред Централниот регистар на Република Северна Македонија од страна на овластен регистрационен агент – адвокат. Без оглед дали сте нов бизнис или постоечка фирма, нашата адвокатска канцеларија е специјализирана за водење на сите постапки пред Централниот регистар.
Адвокат Тамара Славеска Апостоловски е овластен регистрационен агент за спроведување на сите постапки за регистрација на основањето и промените на Вашата фирма, фондација, комора или граѓанско здружение пред Централниот регистар.
1. Правни услуги во постапки пред Централен регистар
Нашата адвокатска канцеларија ќе Ви ја подготви потребната документација и ќе ја спроведе постапката за регистрација на:
- Основање на сите форми на правни лица (трговски друштва, трговци-поединци, фондации, комори, здруженија на граѓани, невладини организации, и сл.), вклучително и Друштво со ограничена одговорност (ДОО) и Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ);
- Тековни промени на друштвото (промена на содружник – пренос на удел, промена на управител, промена на прокурст, промена на назив, промена на дејност, промена на седиште, промена на електронска пошта и сл.);
- Подружница на домашна компанија;
- Претставништво на странско друштво;
- Подружница на странско друштво;
- Странски директни инвестиции;
- Статусни промени на друштвото (поделба, спојување, преземање);
- Престанок на друштвото (ликвидација, стечај и сл.);
- Вистински сопственик на друштвото;
- Останати постапки (регистрација на ДДВ, засновање на работен однос на управител, и сл.);
2. Други услуги за фирми
Покрај спроведување на сите постапки пред Централен регистар, Ви нудиме и други специјализирани услуги поврзани со работењето на Вашето друштво, и тоа:
- КОРПОРАТИВНО ПРАВО;
- РАБОТНИ ОДНОСИ;
- СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕДДОГОВОРИ И ДОГОВОРИ;
- ГРАДЕЖНИШТВО;
- ИМОТНИ ОДНОСИ, НЕДВИЖНОСТИ И СОПСТВЕНОСТ;
- ПРАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ;
- НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА;
- УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ;
Доколку Ви е потребен совет или помош околу регистрацијата на Вашата компанија, слободно контактирајте Нѐ!