Првиот закон во бизнисот: Создадете ги правилата на игра или вашите конкуренти ќе го сторат тоа.

Важноста на микро, малите и средните бизниси

 

Микро, малите и средните бизниси се најзастапени во македонската економија (со учество од 99,8 %) и се двигатели на економскиот раст и развој. Истовремено, истите се и најголем работодавач, обезбедувајќи дури 76,6% од сите вработувања. Дополнително, улогата на микро, малите и средните бизниси ќе биде особено клучна во претстојниот период на енергетската транзиција, со оглед да се проценува дека истите активно ќе учествуваат во создавањето и одржувањето на „зелени“ работни места.

Просперитетот на микро, малите и средните бизниси зависи од повеќе фактори: поволно деловно опкружување, услуги за деловен развој и пристап до финансии, кои информации не секогаш им се доволно познати на бизнис-субјектите.

За таа цел, нашата адвокатска канцеларија Ви овозможува правно советување за сите потреби на Вашето деловно работење, како би можеле да ја донесете вистинската одлука во секое време врз основа на релевантни информации.

 

Правни услуги – адвокат за деловно право и поддршка на микро, мали и средни бизниси

 

Потпирајќи се на нашето богато искуство, како и практични вештини стекнати со учество на Програмата за развој на мали и средни бизниси и други обуки, Ви овозможуваме широк круг на услуги, во поглед на:

  • избор на најдобрата правна форма за организирање на друштвото;
  • актуелни можности за деловен развој, особено во делот на обновливи енергетски извори;
  • пристап до финансии од домашни и странски извори;
  • акти за уредување на содружничките права, обврски и одговорности;
  • договори и преписки со клиенти;
  • проектна документација за апликација за пристап до финансии;
  • документација за прибавување на дозволи и лиценци за работа;
  • тендерска документација;
  • подготовка на due diligence – длабинска анализа за ризиците при статусни промени на друштвото;
  • други услуги;

Дополнително, Ви обезбедуваме и други специјализирани услуги поврзани со Вашето деловно работење:

 

ВАЖНО: Доколку сте заинтересирани да ги ангажирате нашите услуги на месечно ниво, слободно контактирајте Нѐ, како би можеле да Ви ја обезбедиме најдобрата понуда скроена спрема Вашите потреби и можности!